Чавков и 35 други приведени се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Триесет и шест лица се гонат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, соопшти Јавното обвинителство.

 

Покрај Митко Чавков, приведени се и други лица, меѓу кои, и пратениците Крсто Муковски и Жаклина Стефановска, актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, Игор Дурловски и други…

 

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка“, информираат од Обвинителството.

 

Како што е наведено во соопштението од Обвинителството, по разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик.

 

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и повеќе други лица изутринава се приведен по налог на Јавното обвинителство.

 

Чавков во моментов е во Кривичниот суд каде дава исказ пред судија на претходна постапка. Во моментов и повеќе други лица се изведени пред судија на претходна постапка кој постапува по писмен поднесок од ОЈО во врска со настаните во Собранието од 27 април.

 

Митко Чавков за време на настаниете во април раководеше со оперативниот штаб на МВР. Од пониските структури од МВР тој беше посочен дека два часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратеници и пратеници и новинари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи