Министерството за здравство објави листа на земји од кои се набавуваат вакцините за имунизација на децата.
„Почитувани, со оглед дека секојдневно добиваме прашања од родители поврзани со вакцините, во продолжение ги објавуваме земјите од кои се набавуваат вакцините што се употребуваат за имунизација на децата во Македонија“, се вели во објавата на Министерството.
Над 100 родители годинава добиле прекршочни пријави зошто не ги вакцинирале децата. До Државниот санитарен и здравствен инспекторат се доставени уште 94 известувања за семејства кои го прекршиле законот за заштита на населението од заразни болести.