Енрике Балби, портпаролот на аргентинската морнарица, изјави дека во подморницата „Сан Хуан“ навлегла вода низ цевка за вентилација, што предизвикало краток спој во една од батериите, се претпоставува дека нема преживеани.
Балби изјави за новинарите дека капетанот на подморницата преку сателитска врска рекол дека водата влегла додека подморницата ги полнела батериите.
„Тие морале да ја изолираат батеријата и да продолжат да пловат под вода кон Мар дел Плата, користејќи друга батерија“, рече Балби.
Сепак надежите за пронаоѓање на преживеани сепак се изгубени.
„Надежта да се најдат преживеани членовите на екипажот на подморницата „АРА Сан Хуан“ во голема мерка се изгубени, откако е објавено дека е забележано нешто што „одговара на експлозија“ во близина на подрачјето во јужниот дел на Атлантскиот океан во период кога последниот сигнал од таа зона, на 15 ноември, го испрати подморницата на својот пат од јужното пристаниште Ушуаја до градот Мар дел Плата“, соопшти аргентинската морнарица.
Претседателот на Аргентина Маурицио Макри неодамна изјави дека меѓународната потрага за подморницата и нејзиниот 44-член екипаж ќе продолжи, а исчезнувањето ќе биде истражено.
Повеќе од 12 авиони и бродови учествуваат во меѓународната спасувачка операција, во која се пребарува површина од 480.000 квадратни километри, што е речиси колку површината на Шпанија.
Подморницата „Сан Хуан“ е изградена во Германија во 1983 година и е долга 66 метри.