Црна прогноза: До 2050 година, Македонија ќе изгуби 4,4 отсто од населението

Facebook
Twitter
Email
Print

Доколку се остварат статистичките прогнози, до 2050-та година во Македонија ќе живеат 4,4 насто помалку луѓе отколку денес, што би значело дека дотогаш ќе исчезне град со големина на Куманово.

 

Ваквите информации доаѓаат од американската Централна разузнавачка агенција, која беше еден од изворите, врз основа на кои е дојдено до проекциите. Речиси целиот регион ќе се соочи со намалување на бројот на населението.

 

Црна Гора ќе има 7,9 отсто помалку граѓани, Хрватска 7,7%, БиХ 8,2 проценти. Романија, исто така, има црна прогноза од 8,2 отсто, а нашиот јужен сосед Грција дури 10 отсто.

 

Најцрни се предвидувањата за Србија, каде што се проектира загуба од 33,2 насто од населението или цел еден Белград. Веднаш зад неа е Словенија, каде што се прогнозира намалување на бројот на населението за 23,18 насто и Бугарија за 21,91 процент.

 

Единствено место на Балканот каде што во следните 30 години ќе се случи спротивното, односно зголемување на популацијата е Косово.

 

 

Црната куга ја зафатила цела Европа: Литванија 37,6%, Молдавија 44,1%, Летонија 35,8%. Иако се претпоставува дека за „исчезнувањето“ на популацијата е заслужно тоа што повеќе луѓе умираат отколку што се раѓаат, иселувањето и староста, тој тренд не е карактеристичен само за источна и Централна Европа. Така на пример, во Германија до 2050 година ќе живеат 12,8 отсто помалку луѓе отколку денес. Сличен тренд, иако во помали проценти се забележува и во Финска, Данска, Португалија, Чешка, Полска и Словенија.

 

„Рекордер“ по зголемувањето на бројот на луѓето ќе биде Луксембург, каде предвидувањата се дека до 2050 година ќе живеат 48,3 отсто повеќе жители отколку денес. По Луксембург, следуваат Ирска, Исланд, Шведска и Норвешка. Раст на населението ќе има и во Шпанија, Швајцарија, Белгија, Велика Британија, Франција, Австрија и Италија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи