ВИДЕО: Осуден за воени злосторства испи отров во Хашкиот трибунал

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Хашкиот трибунал денеска правосилно ги потврди долгогодишните затворски казни за претставници на босанските Хрвати, предводени од Јадранко Прлиќ, за воени злосторства врз муслиманите во Босна и Херцеговина во 1993 и 1994 година.

 

Судењето беше прекинато откако обвинетиот Слободан Праљак изјави дека ја отфрла пресудата, по што испи некаква течност, а неговите адвокати рекоа дека испил отров, по што беше дадена пауза.

 

„Не сум воен злосторник. Со презир ја отфрлам вашата пресуда“, изјави Праљак.

 

 

Судијата Кармел Агиус веднаш го прекина судењето и беше повикана амбулантно возило, а целата судница беше видно вознемирена од случувањата, пред да се спуштат завесите и преносот да биде прекинат.

 

Според известувањата на светските медиуми, на генералот Праљак му се пружа сета неопходна помош, а по него е испратен и хеликоптер. Последните информации говорат дека тој е жив.

 

Од досега прочитаниот дел од пресудата, поранешниот премиер на „Херцег-Босна“, хрватски ентитет во Босна и Херцеговина, Јадранко Прлиќ е осуден на 25 години затвор.

 

На поранешниот министер за одбрана на „Херцег-Босна“ Бруно Стојиќ и поранешниот началник на главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана Слободан Прљак им е потврдена првостепената казна од 20 години затвор.

 

Слободан Праљак е поранешен командант на силите на Хрватскиот совет на одбраната (HVO) во текот на војната во Босна и Хереговина од 1992 до 1993 година и е затворен поради извршени воени злосторства во 1993 година. Судот реши дека тој знаел дека воени трупи се приближуваат кон муслиманите во Прозор, но не направил ништо за да ги спречи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи