ЗЕЛС избира ново раководство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Заедницата на единиците за локална самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) денеска ќе одржи конститутивна седница на Генералното собрание на кое што ќе се избираат членовите на Управниот одбор.

 

Генералното собрание на ЗЕЛС се состанува во рок од три месеци по локалните избори, а по изборот на членовите на Управниот одбор, тој одржува кратка седница на која се избира претседателот на Управниот одбор, кој воедно е и претседател на ЗЕЛС.

 

Вкупно 90 делегати го сочинуваат Генералното собрание и секој има право на еден глас. Делегати се градоначалниците, додека претседателите на општинските совети се нивни заменици. Освен нив, делегати на Генералното собрание се и девет членови од редот на членовите на Комитеот на советите при ЗЕЛС.

 

На седницата делегатите на Генералното собрание на ЗЕЛС освен Управниот одбор ќе ги изберат и членовите на Надзорниот одбор и на Комитетот на Советите.

 

Досега функцијата претседател на Управниот одбор на ЗЕЛС ја извршуваше Коце Трајановски, а потпретседатели беа Зоран Дамјановски и Невзат Бејта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи