Хашкиот трибунал денеска правосилно ги потврди долгогодишните затворски казни за претставници на босанските Хрвати, предводени од Јадранко Прлиќ, за воени злосторства врз муслиманите во Босна и Херцеговина во 1993 и 1994 година.
Судењето беше прекинато откако обвинетиот Слободан Праљак изјави дека ја отфрла пресудата, по што испи некаква течност, а неговите адвокати рекоа дека испил отров, по што беше дадена пауза.
„Не сум воен злосторник. Со презир ја отфрлам вашата пресуда“, изјави Праљак.
In a dramatic turn of events, former Bosnian Croat General Slobodan Praljak appeared to drink what he said was poison at the ICTY. pic.twitter.com/V3yZLW5sBT
— RFE/RL (@RFERL) November 29, 2017
Судијата Кармел Агиус веднаш го прекина судењето и беше повикана амбулантно возило, а целата судница беше видно вознемирена од случувањата, пред да се спуштат завесите и преносот да биде прекинат.
Според известувањата на светските медиуми, на генералот Праљак му се пружа сета неопходна помош, а по него е испратен и хеликоптер. Последните информации говорат дека тој е жив.
Од досега прочитаниот дел од пресудата, поранешниот премиер на „Херцег-Босна“, хрватски ентитет во Босна и Херцеговина, Јадранко Прлиќ е осуден на 25 години затвор.
На поранешниот министер за одбрана на „Херцег-Босна“ Бруно Стојиќ и поранешниот началник на главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана Слободан Прљак им е потврдена првостепената казна од 20 години затвор.
Слободан Праљак е поранешен командант на силите на Хрватскиот совет на одбраната (HVO) во текот на војната во Босна и Хереговина од 1992 до 1993 година и е затворен поради извршени воени злосторства во 1993 година. Судот реши дека тој знаел дека воени трупи се приближуваат кон муслиманите во Прозор, но не направил ништо за да ги спречи.