ВИДЕО : Се зголемува бројот на зависности кај младата популација во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Никотинот, алкохолизмот и наркоманијата се трите главни пороци и зависности со кои се соочуваат младите. За жал оваа бројка кај младата популација е во постојан пораст. Како еден од начините за едукација и превенција од овие зависности и по повод месецот на борба против зависноти Црвениот крст од Прилеп вечерва во градската библиотека „Борка Талески“ организираше предавање на тема „Превенции и информации со болестите на зависност“.

 

 

Целта на трибината беше едукација и запознавање на младите како да ги превенираат овие болести. Предавачи на трибината беа членови од Црвениот крст, лекари и претставници од ПС Прилеп.

 

Според организаторите главната едукација за спречување на овие зависности треба да започне уште од најрана возраст во семејството.

 

„Во моментов болестите на зависнот се во пораст. Од сите зависности како најголема се смета онаа на кафето каде има 80% зависници од кофеин, 60% алкохолизам и 50% се зависници од никотин. Точни податоци од зависнотите на дроги во моментов неможам да ви кажам, но сепак бројот на нарко зависниците се зголемува. Нашата порака до младите е да ги сфатат опасностите кои што демнеат од овие супстанции како и да имаат точни информации што може во иднина да се случи, која е нивната превенција и од каде таа да започне. Таа превенција треба да започне од најраната возраст во самото семејство и да продолжи во текот на образованието“, истакна д-р Натали Танеска Спиркоска, лекар.

 

Според членовите на Црвениот крст главна превенција од болестите на зависност е нашиот систем на вредности и поддршка која ја добиваме од семејството и околината во која живееме и дејствуваме како индивидуи.

 

„Превенција не се бројките, не се едукациите која супстанца какви зависности прави, превенција е пред се нашиот систем на вредности, систем на поддршка започнувајќи од семејството, социјалната околина, општествено-економските услови во кои опстојуваме, односно како ние како индивидуи функционираме на ниво на семејство и како сето тоа да го имплементираме понатаму. Се во интерес на јакнење на самодовербата кај единката“, изјави Марија Ангелеска, член на Црвен крст – Прилеп.

 

Исто така според Црвениот крст потребна е поголема ангажираноста на државата и отворање на поголем број советувалиште за лечење на зависности кои за жал во Прилеп воопшто ги нема.

 

„Посебно кога зборуваме за Општина Прилеп потребни се повеќе советувалишта, прво разговор во рамките на самото семејство, во рамките на самата социјална група, пријатели да можат отворено да разговараат. Потоа институционално подобрување во однос на отворање на токму такви советувалишта каде што младите ќе можат да се информираат и да се едуцираат како да се справат со сите тие работи кои се случуваат во секојдневието. Пример клубот на лекувани алкохоличари најдува некој начин како самите меѓусебно да си помагаат, а од друга страна кога зборуваме за зависниците на дрога кај нас сеуште нема метадонски ниту било каков центар за лекување така што тоа е неопходна потреба за Прилеп“, додаде Ангелеска.

 

Инаку утре е први декември, Меѓународниот ден за борба против ХИВ/СИДА и според експертите токму ваквите едукации за превенцијата од интравенското користење на исти игли кај зависниците од дрога придонесло до намалување на бројот на заболени од СИДА што било показател дека овие едукаци за зависности и тоа како му се потребни на младите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи