ЕКСКЛУЗИВНО: Руската црква официјално ја призна Украинската Црква за независна

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Руската Православна Црква за прв пат официјално го призна независниот статус на украинската црква пренесува ” Интерфакс” повикувајќи се на прес-службата од  Серускиот православен Собор, кој се одржува во Москва, пренесува порталот religija.mk.

 

„Учесниците на Соборот едногласно го поддржаа барањето на Митрополитот на Киев и на Украина Онуфриј да и даде на УПЦ посебно поглавје во Уставот на Московската Патријаршија”, соопшти прес-службата.

 

Од овој момент па натаму, во Уставот на Московската Патријаршија ќе биде запишано  дека центарот за управување на Украинската Православна Црква ќе биде во Киев. Сецрковниот суд ќе важи за целата територија на Московскиот Патријархат освен на Украина.

 

Претходно беше објавено дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се обрати на Соборот на 1 декември.

 

 

Извор : religija.mk

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи