Трамп до Меј: Остави ме мене, фокусирај се на исламскиот тероризам во Британија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Американскиот претседател Доналд Трамп пожнеа критики поради ретвитнувањето исламофобски видеа, меѓу другите и од Тереза Меј.

 

Но, тој не ѝ остана должен и ја искритикува со лута порака преку социјалната мрежа „Твитер“, што е негова омилена социјална мрежа и омилен начин на комуникација со своите поддржувачи.

 

„Тереза Меј не се фокусирај на мене, фокусирај се на радикалниот деструктивен исламски тероризам во Велика Британија. Сѐ е во ред кај нас“, напиша Трамп доцна вечерта на „Твитер“.

 

Канцеларијата на британската премиерка, Терезе Меј го критикуваше Трамп, бидејќи ретвитна три видеа од британската екстремна десничарка Џејден Франсен, на кои, според нејзините тврдења, се прикажува насилство што го прават муслиманите. што предизвика ретка осуда од премиерката Тереза Меј, која ја опиша неговата постапка како погрешна.

 

„‘Британија на прво место‘ сака да го подели општеството со својот говор на омраза, ширејќи лаги и тензија. Британскиот народ ја отфрла оваа реторика“, кажа Меј.

 

Во една од снимките, постирана од Џејден Франсен од „Британија на прво место“, наводно се гледа како група муслимани туркаат момче од покрив. Друго видео посочува дека еден муслиман крши статуа на девица Марија, а во трето, муслимански емигрант, наводно, удира момче во Холандија.

 

Пораките на Трамп ги критикуваше и Советот за американско-исламски односи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи