Бразилскиот Гремио е победникот на Копа Либертадорес. Во реванш средбата од финалето на ова натпреварување, Гремио го совлада аргентинскиот Ланос и тоа на негов терен, во Буенос Аирес со 2:1.
Првата средба која се одигра во Бразил, исто така му приопадна на Гремио, кој тогаш победи со 1:0.
Головите во овој возвратен дуел кој се играше пред 47.000 гледачи во главнито град на Аргентина, ги постигнаа Фернандињо (27) и Луан (42 минута), додека пак единсвенито погодок за аргентинскиот клуб беше дело на Жозе Санд во 72. минута, со удар од 11. метри.
Со тоа клубот од Порто Алегре ја прекина онаа трофејна „суша” долга 22 години. За последен пат беа во ваква ситуација во 1995 година, а претходно го освоија Купот Либертадорес и во 1983 година. Нивниот тренер Ренато Гаучо е првиот Бразилец кој го освои пехарот и како играч и како тренер, откако беше во составот на Гремио при првата шампионска кампања во 1983 година.
Со оваа победа Гремио си обезбеди пласман на Светското клупско првенство идниот месец во Обединетите Арапски Емирати.