Како што пренесуваат шпанските медиуми, агентот на Антоан Гризман стапил во контакт со Барселона потенцрајќи дека фудбалерот е подготвен да го напушти Атлетико Мадрид.
Откако Барселона веќе неколку пати истакна интерес за неговите услуги, но конкретна понуда немаше, сега Французинот сам ги контактирал.
Имено од Каталонците е побарано да ја исплатат откупната клаузула од 100 милиони евра за Французинот веќе во јануари да се пресели на Камп Ноу.
Договорот на Гризман со Атлетико има важност до 2022 година, но наводно тој не е задоволен во Мадрид и со задоволство би го променил клибот. Оваа сезона и не во најдобра форма, на 16 натпревари тој постигна само шест погодоци и пет пати асистираше.