Руската Православна Црква за прв пат официјално го призна независниот статус на украинската црква пренесува ” Интерфакс” повикувајќи се на прес-службата од Серускиот православен Собор, кој се одржува во Москва, пренесува порталот religija.mk.
„Учесниците на Соборот едногласно го поддржаа барањето на Митрополитот на Киев и на Украина Онуфриј да и даде на УПЦ посебно поглавје во Уставот на Московската Патријаршија”, соопшти прес-службата.
Од овој момент па натаму, во Уставот на Московската Патријаршија ќе биде запишано дека центарот за управување на Украинската Православна Црква ќе биде во Киев. Сецрковниот суд ќе важи за целата територија на Московскиот Патријархат освен на Украина.
Претходно беше објавено дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се обрати на Соборот на 1 декември.
Извор : religija.mk