Европскиот совет денеска реши за 105 милиони евра да ги намали средствата од претпристапните фондови за Турција.
Одлуката беше донесена за време на состанокот за буџетот на ЕУ, а причината што е наведена за кратењето на средствата се политичките состојби во земјата, јави БТА.
Дел од средствата ќе бидат одобрени доколку ЕУ заклучи дека во Турција дошло до подобрување во областа на демократијата, владеењето на правото и слободата на медиумите.
Тој предлог ќе биде испратен на одобрување до Европскиот парламент.