Хашкиот трибунал побара од властите во Холандија да ја преземат истрагата за смртта на воениот злосторник Слободан Праљак кој вчера се самоуби во судницата. Дали некој му асистирал на Праљак?
Холандското Јавно обвинителство ќе ја истражува смртта на генералот на војската на Херцег-Босна Слободан Праљак. Истрагата ќе се фокусира на отровот кој Праљак го испи во судницата откако му беше потврдена пресудата од 20 години затвор за сторени воени злосторства во војната во БиХ. Клучното прашање е дали Праљак добил помош од надвор во набавката на супстанцата.
Хашкиот трибунал денеска соопшти дека ќе биде извршена обдукција врз телото на Слободан Праљак. Обвинителот Франс Зоневелд рече дека не е прецизирано кога точно ќе се изврши обдукцијата.