Дождот го зголеми нивото на реките во Македонија

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно на повеќе места со обилни врнежи од дожд, кои ќе бидат најобилни во западните и источните делови каде локално се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен.

 

Врнежите од дожд во последните 24 часа ги зголемија нивото на сите водотеци во Македонија, а особено на реките во западниот дел на земјата. Според податоците на управата за хидрометеоролошки работи најголеми промени на водостојот има на реките Радика кај Бошков мост, Сатеска кај Ботун и на Вардар кај Јегуновце, а продолжувањето на врнежите може да доведе до излевање на Радика, Црн Дрим, Сатеска и Вардар.

 

Според фотографиите, нивото на реката Вардар е критично во близина на Градскиот парк во Скопје и реката е на граница на излевање во овој дел од градот.

 

 

Се очекува да продолжи зголемувањето на нивото на сите водотеци со оглед на најавите од синоптичарите дека врнежите ќе продолжат, а ќе бидат најобилни во југозападните и источните делови на земјава каде се очекуваат над 60 литри на метар квадратен.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien