ВМРО-ДПМНЕ : Градоначалникот на Прилеп ја дезинформира и лаже јавноста со цел да го прикрие своето неработење

Во услови на безидејност и немање капацитет за решавање на проблемите на граѓаните на Општина Прилеп пласирате лажни информации преку сензационалистички изјави! Ве доведува во паника неможноста за реализација на крупните проекти кои ги ветивте пред граѓаните во предизборниот период за кои редовно ќе Ве потсетуваме! Истакнаа во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на вчерашниот прес на градоначалникот Јованоски кој истакна дека моменталните долгови на Општина Прилеп изнесуваат околу 3,5 милиони евра и дека инспектори од МВР го проверуваат финансиското работење на Општината.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Вие Г-не Јованоски и понатаму сакате да ја забавувате јавноста со паушални прес конференции полни со невистини  и лаги со цел прикажување на Општина Прилеп како „недомаќинска“ во изминатиот период и дефокусирање на јавноста од Вашето неработење и од актуелните деструктивни политики на СДС.

 

Пред да Ве демантираме за намерно погрешно прикажаната финансиска слика на општината со преувеличените суми да Ве потсетиме дека истата таа Локална Самоуправа во повеќе наврати беше прогласувана за една од најдобрите во Република Македонија – општина со финансиска стабилност, со Европски просек на број на вработено и со најмногу реализирани проекти во РМ.

 

Сакате претенциозно да прикажете долг од 75 милиони денари по објавени тендери и потпишани договори. Да Ве потсетиме дека тоа се распишани тендери по изгласани програми и усвоен Буџет од Советот на Општина Прилеп чиј советник бевте и Вие. Тоа се тендери кои се во тек, кои ќе бидат реализирани во иднина – но и не мора доколку Вие мислите дека е тоа во интерес на граѓаните!

 

Како тоа прикажувате долг на нешто што не е реализирано!?

 

Штом Ви сметаат овие тендери за тековното работење на општината и реализирање на проекти за подобрување на условите за живот на граѓаните  – Зошто едноставно не ги прекинете и стопирате истите?

 

Напротив, Вие гордо се сликате овие денови со проекти реализирани токму од тие тендери и ги прикажувате како Ваши.

 

Тврдите дека општината има долг над 60 милиони денари земен кредит од Светска Банка. Да и тоа е точно, но повторно да Ве потсетиме дека кредитот е земен со одобрување од Советот на Општина Прилеп во кој и Вие учествувавте како советник и знаете дека тој кредит беше наменет за реконструкција на влезот од градот на потегот од Лук Оил до Солидност со што Прилеп доби безбеден и модерен влез.

 

Велите има 36 милиони денари – ризици од тужби! Се работи за наплата на средства направени не по вина на општината за кои има судски постапки со цврсти докази.

 

Возилата биле земени на лизинг..Смешно! Па која јавна институција не зема возила на лизинг за нејзините тековни потреби. И тоа не се луксузни и скапи возила туку тоа се Шевролет спарк и Шкода.

 

Општината ИМА тековни 30 милиони денари за функционирањето на општината обврски како улично осветлување, вода и сл. кои редовно се сервисираат од нејзиниот буџет до крајот на годината, со што Општина Прилеп е една од финансиски најстабилните и најсолидни Општини во РМ.

 

Зошто не кажувате во Вашата прес конференција колку средства има во моментов на сметката од Буџетот на општината и колку побарувања има општината по разни основи!?

 

И дали знаете колку милиони евра долг и беа оставени на општината пред 12 години кога ја превзедовме од владеење на СДС и колку буџети однапред беа потрошени?

 

За да не ги замајувате граѓаните и како што викате „тендери дадени на ВМР-овски фирми“, да Ве потсетиме дека и ова не Ви поминува кај граѓаните, според Законот за јавни набавки каде изборот на фирми на тендер е исклучиво по електронски пат и нема никаква можност за влијание на истите како што сакате Вие да прикажите, затоа Вашата власт го менува овој закон, транспаретноста не е одлика на СДС.

 

Да Ве потсетиме Вас, а и граѓаните дека претходната локална власт работеше во интерес на општината и направи многу! Времето Ви истекува,а Вие ветивте многу проекти, сега Вие сте на поте !  Граѓаните чекаат !…

 

На крај зборувате и за вработените во општината која има европски просек на вработени по број на жители , но овој европски просек го расипавте уште првиот ден од Вашето доаѓање на функцијата Градоначалник со експресно вработување на повеќе лица со „договор на дело“, меѓу кои и Вашата внука од сестра.

 

Нели ова беше непотизам!?

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи