ВМРО-ДПМНЕ не присуствува на седницата за одземањето на имунитетот на пратениците

Facebook
Twitter
Email
Print

Собранието само што ја започна расправата за симнување на имунитетот на пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои се во притвор поради насилните инциденти од 27 април.

 

Како што може да се забележи, а и како што соопштија од партијата на Никола Груевски, пратениците од ВМРО ДПМНЕ не се во салата за седници.

 

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека нивните пратеници нема да присуствуваат на денешната седница во Собранието на која треба да се разгледува судското барање за притвор на шестмина пратеници од нејзината коалиција.

 

„ВМРО-ДПМНЕ ги разгледува сите возможни опции за да се спротистави на ова безумије и да се стави во заштита на луѓето кои неправедно се дел од политички монитрани процеси без разлика дали тоа се пратеници, официјални лица или обични граѓани, чии единствен грев е што се дрзнале врз основа на својата совест и убедување да се спротистават на политиките на СДСМ. Овој политички прогон мора да запре“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Тие ќе ја бојкотираат оваа седница бидејќи како што велат ова е политичка фарса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно.

 

За симнување на имунитетот потребно е просто мнозинство односно 61 глас. Седницата на парламентот следува по вчерашната расправа во Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања каде поединечно гласање беше одлучено да се одобри барањето на судот за определување мерка притвор. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа ниту на комисиската расправа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи