Од Општина Крушево информираат дека по пријава и реакции на граѓани од населените места Норово и Алданци јавното претпријатие „Комуна“ излегло на терен и работи на поплавениот пат меѓу овие две села.
„Од „Комуна“ во најбрз можен рок ќе се обидат да најдат решение за овој проблем и да ги заштитат граѓаните од понатамошно поплавување на овој дел. Оваа природна појава зборува многу за лошата патна инфраструктура во овој регион. Градоначалникот најавува што побрзо пристапување кон овој проблем и кон целосно решавање на егзистенцијалните проблеми за граѓаните“, додаваат од Општина Крушево.