Во рамките на проектот „Младинско учество преку извидништво“ поддржан од УСАИД, a во организација на Сојузот на извидници на Македонија денеска во Прилеп младите даваа свои идеи како да се подобри квалитетот на животот во градот.
Од извидничкиот одред „Феникс“ кој беше домаќин на настанот во Прилеп велат дека младите давале голем број на интересни идеи, а тие ќе се потруделе да реализираат барем една од нив со буџетот со кој што располагаат, а додека другите идеи дадени од младите ќе ги доставеле до локалната самоуправа и државните институции.
Проектот за граѓанско учество, реализира активности за лоцирање на потребите на младите и граѓаните во 5 општини во Македонија, a една од нив е и Прилеп.