Клубот Roots BJJ од Прилеп беше домаќин на семинар за бразилска џиу-џица

Под раководство на претседателот на македонската федерација за бразилска џиу-џица и главен инструктор за roots BJJ клубовите во Македонија, Ивица Алексоски, денеска во Прилеп се одржа вториот годишен семинар за овој спорт.

 

Според Алексоски целта на овие семинари била проширување на овие боречки знаења, оформување на нови кадри, популаризација на оваа боречка вештина, популаризирање на ваквите клубови во Македонија и привлекување на што е можно поголем број на млади да се занимаваат со овој спорт.

 

Инаку Алексоски е основачот на првиот клуб во бразилска џиу-џица во Македонија во 2009 година, а веќе во 2010 година официјално започнале да тренираат под раководство на професорот Роберт Наумоски кој е првиот Македонец во светот носител на црн појас во БЏЏ.

 

„Одтогаш па наваму работиме да го шириме овој спорт и оваа боречка вештина во Македонија. Во 2009 година се формираше и Федерацијата за бразилска џиу-џица во Македонија. Имаме повеќе клубови кои функционираме во една лига и имаме неколку пати годишно натпревари. Многу позначајно е тоа што освојуваме и значителни успеси на меѓународните турнири. Нашите претставници на турнирите освојуваат златни медали. Многу битно освојуваме награди и како тим. Тоа мене особено ме радува затоа што кога работиш со еден натпреварувач е многу лесно, но кога работиш со цела екипа е многу потешко. Имаме успех и мислам дека сме на добар правец. Моментално бразилската џиу-џица од Roots клубовите постои во Скопје, Куманово, Охрид, Прилеп и имаме голема можност да ја прошириме во целата држава“, истакна Алексоски.

 

Според него за поголема популаризација на овој спорт било потребно овие клубови да добиваат и поддршка од општините каде функциониираат.

 

„Таа помош секогаш немора да биде финансиска, треба маркетингшки тоа да го направиме на едно повисоко ниво и тоа многу ќе значи за нас. Тогаш ќе имаме повеќе членови, повеќе членарина и ќе имаме средства да ги покриеме основните трошоци и да можеме нашите членови да ги праќаме да се натпреваруваат во странство“, додава Алексоски.

 

 

Домаќин на настанот во Прилеп беше клубот за бразилска џиу-џица од нашиот град кој функционира во состав на центарот за боречки вештини Максам фајт.

 

„Клубот во Прилеп постои веќе 4 години и досега имаме постигнато значајни резултати. Постојано како клуб посетуваме семинари и го надградуваме знаењето. Работиме под Федерација за бразилска џиу-џица во Македонија, што е особено важно. Годишно имаме 4 семинари со претседателот на Федерацијата преку кој натпреварувачите го надградуваат своето знаење и се подготвуваме за наредните натпревари за постигнување на подобри резултати. Оваа годиина како и претходно имавме голем број активности како во Македонија така и во странство. И од сите тие првенства имаме освоено многу медали. Скоро сите наши членови кои биле на натпреварите имаат освоено медали. Моментално се поголема е заинтересираноста на младите за овој спорт, особено ме радува тоа што спортот станува се попопуларен кај девојките. Бразилската џиу-џица е одлична за самоодбрана. Веќе имаме 7 девојки кои доаѓаат редовно. Во клубот работиме и рекреативно и натреварувачки, значи имаме и една и друга група. Сега започнавме со работа и со помали дечиња со што се опфатени сите возрасни категории “, изјави Катерина Атанасоска претседател и главен инструктор на клубот Roots BJJ – Прилеп.

 

Во Прилеп се поголем е бројот на оние кои се занимаваат со овој спорт. А членовите на Roots BJJ – Прилеп веќе постигнуваат и значајни успеси на сите турнири на кои учествуваат.

 

„Тренирам бразилска џиу-џица веќе 3 години, сум настапувал на повеќе државни и меѓународни првенства и бразилската џиу-џица многу ми помага во ММА и исто така им ја препорачува на сите“, вели Стефан Сталески, член на Roots BJJ – Прилеп.

 

„Исто и јас тренирам бразилска џиу-џица 3 години, имам настапувано на меѓународни и државни натпревари на кои имам добиено неколку први и втори места. Бразилската џиу-џица е еден од најдобрите боречки спортови за самоодбрана“, рече Христијан Тасески, член Roots BJJ – Прилеп.

 

За бразилската џиу-џица освен момчиња се повеќе се интересираат и девојките од нашиот град.

 

„Бразилска џиу-џица тренирам 3 години. Многу ми се допаѓа овој спорт и препорачувам со него да се занимаваат сите девојки затоа што е одличен за самоодбрана“, Лела Јурукова, член Roots BJJ – Прилеп.

 

„Имам 15 години и веќе една година тренирам БЏЏ и на сите девојки им препорачувам да дојдат тука“, кажа Мелани Шапуриќ, член Roots BJJ – Прилеп.

 

 

Центарот за Боречки Вештини и Спортски Активности „МАКСАМ Фајт“ и клубот Roots BJJ своите тренинзи ги одржуваат во ООУ „Гоце Делчев“, сите заинтересирани за овој спорт може да се обратат таму за подетални информации.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи