ВМРО-ДПМНЕ: Вонреден конгрес на 23-ти декември

По завршувањето на протестниот марш синоќа седница одржа Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Договорено е да биде свикан вонреден партиски конгрес на 23-ти декември.

 

На конгресот ќе биде разгледана оставката на лидерот Никола Груевски, што тој ја најави пред неколку дена. Груевски во интервјуто рече дека независно од анализата на изборите, ќе поднесе оставка.

 

Груевски најави дека партијата, согласно со статутот ќе организира вонреден конгрес, на кој ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Независно каков ќе биде резултатот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам оставка пред органите на партијата. Партијата, во согласност со Статутот, ќе организира вонреден конгрес, на кој, освен извештајот за анализата на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Груевски во петокот.

 

Груевски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ 15 години.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien