Синдикатот на „Фени“ ќе го блокира патот Прилеп-Градско

Ако до денес на пладне не ја добијат октомвриската плата вработените во кавадаречкиот комбинат за никел Фени индустри повторно ќе излезат на протести. Ова беше објавено во петокот од страна на синдикатот на огласната табла во фабриката, каде стои дека ќе има штрајк денес во периодот од 12 до 14 часот со повторно блокада на патот Прилеп-Градско кај мотелот „Дреново“.

 

Патот Градско-Прилеп ќе биде блокиран од 12 до 14 часот, а сите кои планираат да патуваат натаму во овој период а немаат неодложни работи, да се воздржат од транзит по оваа делница, информираат од Синдикатот на „Фени“.

 

Претседателот на синдикатот Ѓоре Палитов за подоцна најави прес-конференција.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien