Општина Крушево ќе плати 2.000 евра оштета на фирмата „Ата Г & Б“

Од Општина Крушево информираат дека локалната самоуправа треба да исплати оштета од 108 илјади денари на фирмата „Ата Г & Б“ заради штетата која и била нанесена при поставување на маси и столици на отворено, на место доделено на кафулето.

 

Според сегашната локална власт на „Ата Г & Б“, од страна на претходната локална самоуправа и бил скратен просторот за поставување на маси и столици.

 

По оваа одлука одлучил Управниот суд на Република Македонија, а во сумата од 108 илјади денари не биле вклучени трошоците направени додека се водел спорот.

 

„Овие 108 илјади се резултат на личните пресметки на поранешниот градоначалник Ѓорѓи Дамчески со екс-градоначалничката на Крушево Лефкија Гажоска и заради тоа граѓаните ќе треба на „Ата Г & Б“ да исплатат повеќе од 2.000 евра, вклучувајќи судски трошоци“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи