„Бомбите“ ќе се користат како докази и во „Титаник“

Апелацискиот суд  одлучи прислушуваните разговори, односно „бомбите“ да се користат како докази во судската постапка во случајот за изборни нерегуларности „Титаник“. Над 1000 разговори за случајот „Титаник“, за изборни нерегуларности ќе може да се слушаат во судница.

 

Меѓу обвинетите се екс-премиерот Никола Груевски, некогашните негови блиски соработници, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, како и Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски. Претходно Кривичниот суд ги отфрли прислушуваните разговори. Се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања и повреда на избирачкото право.

 

Инаку, од 21 обвинет само 12 преку жалба побараа повисокиот Суд да ја потврди првостепената одлука и прислушуваните разговори да немаат доказно дејство.

 

СЈО претходно поднесе жалба откако Кривичниот суд на 20 октомври ги отфрли „бомбите“ како доказ за „Титаник“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien