ООУ „Климент Охридски“ со полна агенда по повод патрониот празник

Основното училиште „Климент Охридски“  со богата програма ќе го одбележи  јубилејот – 55 години успешна работа и својот патронен празник. По овој повод учениците подготвија свечена програма на која што ќе ги демонстрираат своите знаења и вештини.

 

Во рамките на чествувањата на државниот празник „Климент Охридски“, вечерва со почеток во 18.30 часот ќе одржи ораторска вечер во градската библиотека „Борка Талески“.

 

Утре среда, (06.12.2017) со почеток во 09:00 часот е организиран настан, литературно читање во старата училишна зграда. Половина час подоцна во спортската сала на училиштето ќе се одржат повеќе спортски активности.

 

Во четврток (07.12.2017) во 09:00ч. ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто и на Могилата на непобедените.

 

А, вечерта од 18.30 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи свечена академија по повод патрониот празник.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien