ДИК: Надоместоците беа законски и оправдани, сепак парите ќе бидат вратени

Facebook
Twitter
Email
Print

Со 9 гласа ЗА, членовите на Државната изборна комисија едногласно донесоа заклучок, со секој од членовите на ДИК и стручната служба за локалните избори индивидуално ќе решава каде и како ќе ги враќа парите. ДИК заклучи дека бидејќи нема законска можност да се отповика веќе донесена олука, во конкретниот случај за враќање на бонусите, членовите одлучија тие да бидат вратени, но секој поединечно ќе одлучи дали тие ќе бидат насочени во буџетот или пак ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

 

Како што рече претседателот на Комисијата, Александар Чичаковски, не постојат правни можности одлуката да биде отповикана, затоа, додаде, средствата ќе ги донира во организации и здруженија на граѓани кои работат на проблематиката со изборите. Тој ги прекори службите затоа што одлуката била скриена од јавноста.

 

„Ги прифаќам критиките по однос на транспарентноста. Сметам дека транспарентноста треба да ја зголемиме, меѓутоа останаа дел од забелешките изнесени во јавноста на кои мора да поработиме. Има и од моја страна пропусти и на страна на членовите и на страна на службата која е должна да ги објавува одлуките за да и бидат достапени на јавноста“, рече Чичаковски.

 

Чичаковски додаде дека останува во целост зад донесената одлука за исплата  на надоместоци.

 

„Сметам дека се целосно законити и целосно оправдани од причина што ДИК во овој состав успеа во деликатни околности и политичка криза да спроведе фер и кредибилни предвремени и локални избори и сметам дека допринесовме да се стабилизира политичкиот и демократскиот систем во Република Македонија“, рече тој.

 

 

Виолета Дума рече дека таа е убедена дека ги заслужува парите бидејќи четири месеци Комисијата работела деноноќно и за нив немало “ниту делник ниту празник”.

 

„Одлуката е исклучиво донесена по закон. ДИК ја сочинуваат два дела, членовите и администрацијата. Одлуките се донесени врз основа на трудот и се законити, донесени по Правилник. Пред 2013 по измената на Изборниот законик, претходно само службата земаше надоместок. Но, одлуката е легитимна и законска. Ќе ги вратам парите не затоа што не ги заслужувам туку за му се најдат на некого“, рече Дума која истакна дека е задоволна што Државната изборна комисија работела професионално и транспарентно и спровела локални избори признаени и од домашната јавност и од меѓународните фактори, а исто така додаде дека таа и нејзиниот колега Игор Милев, донеле лична одлука да ги вратат парите или во буџетот или како донација.

 

Субхи Јакупи се согласи дека и тој ќе ги врати парите. Рече дека можеби станувало збор за висок надоместок, но тоа значело дека се цени трудот. Тој не знаел дека оваа информација не е позната во јавноста, и рече дека се залага за транспарентност бидејќи не сака да се создаде впечаток дека тие нешто криеле од јавноста.

 

Сашо Срцев изјави дека е зачуден што се пример за корупција. Ниту за него не е проблем да донира бидејќи и претходно донирал.

 

„Ќе изразам зачуденост од вперувањето со прст во ДИК како школски пример за корупција. На моето семејство не му требаат пари за свеќи и пченица. Ако се докаже дека сум работел спротивно изборниот законик спремен сум ако треба да ја дадам и мојата оставка, но тоа нема да ги задоволи моралните принципи“, рече Срцев.

 

На денешната седница се дискутираше за надомедтокот кој треба да биде исплатен за локалните избори. Станува збор за надоместок за четири месеци, при што членовите на комисијата добивале плати од 60 до 72 илјади денари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи