За една година членовите на ДИК инкасирале по најмалку 24.000 евра

Facebook
Twitter
Email
Print

За една година 21 плата. Вистински рекорд држат членовите на Државната изборна комисија, кои скоро секој месец си ги удвојувале платите.

 

Според она што вчера го изнесе американскиот амбасадор Бејли, за предвремените парламентарни избори во декември, членовите на ДИК си поделиле по 4 плати, додека за последните локални избори 5 плати. Заедно со оние 12 кои редовно ги земале, секој од нив земал по 21 плата за 12 месеци.

 

Според информациите кои можат да се најдат за висината на платите на членовите на ДИК, нивните месечни примања се околу 70.000 денари. Кога тоа ќе го помножите со бонусите кои си ги поделиле, математиката вели дека секој член на ДИК за еден година инкасирал по околу 1,5 милиони денари или по околу 24.000 евра.  Кога на ова ќе се додадат и другите додатоци кои се земаат, како прекувремена работа и пред се патни трошоци, може да се каже дека е доста профитабилно да се биде член на ДИК. Ако се има предвид дека Комисијата сега има 9 члена, пресметките покажуваат дека само за плати и бонуси на членовите на ДИК, за една година граѓаните платиле 216.000 евра.

 

За скандалот да биде поголем членовите на ДИК ваквите одлуки ги носеле на затворени седници, а записниците од овие седници не се објавени на веб сајтот на Комисијата.

 

Денес во 14 часот ДИК треба да одржат итна и овој пат отворена седница на која треба да се донесе одлука дали ќе ги враќаат бонусите или не, откако во јавноста се појави огромен револт по информацијата која што ја сподели американскиот амбасадор и огромниот притисок пред кој се најдоа членовите на Комисијата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи