Првото рочиште за предметот на СЈО „Тотал“, во кој што обвинет за даночно затајување е Драган Павловиќ Латас се одложи за в четврток. Судијката Софија Ефремова Гаврилова го одложи точиштето бидејќи одбраната не назначила адвокати на фирмите, чиј управител е Латас „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ.
„Во два наврати побаравме од обвинетиот да назначи претставници на правните лица. Обвинетиот го извести судот дека поради забрана за вршење на дејност од судот не го направил тоа. Го известувам обвинетиот и неговите адвокати тоа да го сторат денеска во спротивно судот по службена должност ќе назначи”, рече судијката Ефремова Гаврилова.
Го бараме она што го побара Зоран Заев и му беше овозможено во неговиот случај. Бараме за снимките да се жалиме и да одлучува Апелација. Јас верувам во судот, но не знам дали верувам во судијката во овој предмет. Очекувам брутално судење, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас, откако денеска беше одложен почетокот на главната расправа во случајот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство, каде се товари за даночно затајување.
„Ние го бараме тоа што му беше овозможено на Зоран Заев во неговиот случај „Поткуп“, да поднесе жалба за издвојување на докази“, рече Латас.
Тој се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.