Последната сезона од „House of Cards“ без Кевин Спејси и со само 8 епизоди

Нетфликс соопшти дека последната шеста сезона од ТВ серијата „Куќа од карти” ќе се снима следната година, но без главната ѕвезда Кевин Спејси, кој се соочува со неколку обвинувања за сексуално вознемирување.

 

„Снимањето ќе почне на почетокот на 2018, но без Спејси“, изјави Тед Сарандос од Нетфликс, при што нагласи дека последната сезона ќе има осум епизоди.

 

Директорот за содржини на Netflix, како што пренесуваат странските медиуми, откри дека новите епизоди од House of Cards ќе имаат пресврт во дејството и дека ќе бидат фокусирани на актерката Робин Рајт, една од главните протагонистки во серијата. Тој откри дека тимот од 2.000 лица кој работи на оваа серија се враќа на работа следната година.

 

„Со продукцијата на последната сезона ќе се почне во почетокот на новата година и во неа нема да биде вклучен Кевин Спејси. Главна ѕвезда ќе биде Робин Рајт и возбудени сме фановите да видат како ќе заврши оваа приказна“, изјави Сарандос, не откривајќи како серијата ќе се реши од ликот на Френсис Андервуд.

 

 

Двојниот оскаровец Кевин Спејси периодов се соочува со тврдењата за сексуално вознемирување на режисерот Тони Монтана и глумците Роберт Кавазос и Ентони Реп, како и лице кое претпочита да остане анонимно.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи