ССМ на вонреден конгрес ќе избира претседател

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го продолжи Вонредниот конгрес којшто беше прекинат на 11 ноември, а на кој требаше да биде избран нов претседател на ССМ.

 

Вратите на ССМ се отворени за присуство на сите делегати, делегати по функција, членови на синдикатите здружени во ССМ и претставниците на медиумите кои сакаат да присуствуваат на пленарната седница, а на истиот присуствуваат и високи синдикални претставници од Европската конфедерација на синдикати како и првите луѓе на синдикалните Сојузи од регионот членки на Регионалниот синдикален совет Солидарност.

 

На ова продолжение присуствуваат делегати од сите Грански синдикати здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија со што се потврдува единство, транспарентност и демократичноста во ССМ.

 

„Заложбата во изминатиот период ќе резултира со завршеток на Вонредниот конгрес на кој на најпринципиелен, транспарентен и демократски начин за прв пат во рамките на ССМ и синдикалното движење ќе се избере претседател на најмоќната синдикална организација“, велат од ССМ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien