Јованоски е новиот претседател на Надзорниот одбор на ЗЕЛС

Илија Јованоски, градоначалникот на Општина Прилеп, е новиот претседател на Надзорниот одбор на ЗЕЛС. Вака гласаа членовите на ова тело, на својата конститутивна седница, што се одржа на 1 декември, 2016 година во хотелот „ Изгрев“ во Струга, по нивниот избор од страна на Генералното собрание, на 29 ноември, 2017 година, во Скопје. Јовановски се заблагодари за довербата и истакна дека ќе работи активно и посветено.

 

Членови на Надзорниот одбор се :

 

  • Илија Јованоски, градоначалник на општина Прилеп
  • Соња Стаменкова, градоначалник на општина Македонска Каменица;
  • Горан Трајковски, градоначалник на Општина Делчево;
  • Борче Митевски, градоначалник на Општина Петровец;
  • Еркан Арифи, градоначалник на Општина Липково и
  • Коле Чаракчиев, претседател на Советот на Општина Радовиш и член на Комитетот на советите при ЗЕЛС, кој во согласност со Статутот на ЗЕС е без право на глас на седниците на Надзорниот одбор на ЗЕЛС.

 

Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, ги запозна присутните со активностите на ова тело утврдени со Статутот на Заедницата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.