„Тотал“ се одложи, Латас сака да го снимаат

Facebook
Twitter
Email
Print

Рочиштето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој за даночно затајување е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас е одложено. Датумот за одржување ново рочиште дополнително треба да се одреди.

 

Бранителите на Латас, адвокатките Анита Бегова и Светлана Савиќ побараа Судот да ги снима тонски и визуелно сите судски рочишта, за како што посочија, да се отстрани каков било сомнеж.

 

Тие имаат забелешки на записникот од првото рочиште што се одржа пред два дена истакнувајќи дека во него нивните зборови не биле доследно интерпретирани.

 

Судијката Софче Гаврилова Ефремова рече дека во судницата каде што денеска се одржува рочиштето  не постојат технички можности за такво снимање и оти од тие причини записниците се водат компјутерски. Потенцираше дека такви технички услови има само во Судницата 1, но оти таму има закажано голем број судски рочишта и треба да се види дали има слободен термин.

 

На почетокот на денешното рочиште Павловиќ-Латас побара судењето да не биде снимано од новинарски екипи,  и покрај тоа што новинарите имаа претходно добиена дозвола дека ќе можат да направат инсерти од судењето.

 

Предметот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје.

 

Осомничениот Драган Павловиќ-Латас се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Латас како управител на овие фирми, ја намалил основицата за пресметување данок на добивка, го злоупотребил правото на одбивка на ДДВ и не пријавил лични приходи, кои задолжително се пријавуваат согласно Законот за персонален данок од доход. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи