Деветмина побарале лекарска помош откако биле каснати од куче во Ново Лисиче

Девет луѓе побарале лекарска помош на Клиниката за инфективни болести откако синоќа биле каснати од куче во Ново Лисиче, информираат од Клиниката. Лекарите посочуваат дека на тие што не биле вакцинирани им била дадена вакцина тетанус, по што биле пуштени на домашно лекување.

 

Од Клиниката посочуваат дека на тие што не биле вакцинирани им била дадена тетанус вакцина, по што биле пуштени на домашно лекување.

 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека синоќа од 22 до 02 часот по полноќ во Полициска станица Аеродром пријавени се шест настани за каснати лица од куче кои се случиле на подрачјето на населба Аеродром помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и АСНОМ“. Станува збор за шест лица од кои две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца на возраст од 10 до 14 години.

 

 

По нападот се огласија и од Општина Аеродром велејќи дека го бараат кучето, а од Анима Мунди реагираа дека станува збор за расно куче кое не е бездомник туку има сопственик.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien