Нова грчка инвестиција во Крушево – се отвори фабрика за производство на печурки

Грчката компанија „Пан Груп Крушево“ започна со производство и продажба на печурки, а сопственикот најавува дека во првата фаза ќе се вработат најмалку 15 луѓе.

 

На дешното осветување на фабриката присуствуваше и градоначалникот на Крушево Томе Христоски според кого ова ќе придонесело за развој на прватниот сектор и ќе се зголемела побарувачката на работна сила.

 

„Ова е уште една инвестиција во Крушево која ќе ја зголеми вработеноста, а производството на печурка може да прерасне во уште еден бренд од Крушево“, потенцира градоначалникот Христоски.

 

Според најавите на менаџерскиот тим компанијата планирала за брзо време двојно да ги зголеми капацитетите за производство, а во иднина се планирало и преадаптација на цела производствена хала, која во моментов била неискористена.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien