Заев: Мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата

Facebook
Twitter
Email
Print

По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, претседателот на Владата на Република Македонија имаше видео обраќање до граѓаните.

 

 

„„Корупцијата е корозија на секое општество и закана за иднината и за квалитетот на живот на сите граѓани. Коруптивното делување е сериозна закана за економскиот и за севкупниот развој на нашата Македонија. Нашата Влада и јас како премиер, но и сите претставници на локалната власт, како и претставниците од граѓанскиот сектор и од приватниот сектор, имаме одговорност да се справиме со сериозните предизвици  што корупцијата ги поставува пред нас.“, рече Заев.

 

Според премиерот, корупцијата е закана за воспоставувањето и владеењето на правото во Република Македонија.

 

„Затоа, мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата. Ве охрабрувам и вас, активно да се вклучите во oваа заедничка борба, преку пријавување на корупцијата и без страв од последици. Со ова јасно укажувам дека никој нема да биде изземен од одговорност“, додаде Заев.

 

Потсетува дека со гласот на грашаните неговата влада ја добила најодговорната функција, да раководи со земјата.

 

„Со вашиот глас ја добивме најодговорната функција, да раководиме со оваа држава. Реформата е во тек и се интензивира. Промените во Република Македонија значат заложби за професионални институции и обезбедување права и слободи на секој човек. Со промените градиме едно и единствено општество во кое нема место за корупција.Нека ни е честит Меѓународниот ден за борба против корупцијата. Да живее слободна, демократска Република Македонија!“, рече премериот во видео обраќањето.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи