Статистиките покажуваат дека во Прилеп имаме зголемување на бројот на семејно насилство, а според граѓаните пак главна причина за оваа појава била сиромаштијата и требало побрза и посоодветна интервенција на полицијата и институциите.
„Ако се свртиме околу нас ќе забележиме дека има многу и физичко и психичко насилство. За жал не се малтретирани само жените туку има насилство и врз мажите за што се молчи. Сега мислам дека имаме повеќе психичко насилство. Тоа се должи на големото незадоволство, невработеноста, незадоволството не може да се искажи на друг начин освен со физичка и психичка тортура на тој што ни е најблизок, најнемоќен, најзависен од нас“, вели една граѓанка.
„Се зголемува насилството бидејќи нема пари, кога нема пари има ќотек, јас работам во општата болница во Прилеп и гледам секој ден што се случува“, додава друга граѓанка.
„Семејно насилство има, треба да се почитуваат законите и тој што го направил тоа треба да си лежи во затвор“, вели еден граѓанин.
„За да се дојди до семејно насилство според мене не се води грижа од страна на полицијата. Не се превземаат брзи и соодветни мерки“, вели друг гаѓанин.
Инаку денеска Општина Прилеп се вклучи во кампањата „Шестанесет дена активизам против насилството врз жени и девојчиња“. На градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ беше поставен штанд каде волонтери, активисти, претставници на локалната самоуправа и членови на Советот на Општина Прилеп делеа промотивен материјал и разговаа со граѓаните околу борбата за стопирање на семејното насилство.
„Не случајно го одбравме овој ден како претпоследен ден на кампањата која што се спроведува низ цела Македонија. Сакаме да ја подигнеме свеста на сите граѓани во Општина Прилеп, дека локалната самоуправа ќе има нула толеранција за секаков вид на насилство врз жени и девојчиња“, истакна Цвете Станојоска, претставник на Општина Прилеп.
Според директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Прилеп, Живко Силјаноскии, семејното насилство во Прилеп било во подем. Годишно до центарот од страна на полицијата стигнувале околу 300 вакви пријави.
„Како јавна установа Меѓуопштинскиот центар за социјална работа секогаш сме ги поддржувале, проектите, иницијативите и активностите на локалната самоуправа како и овој пат, точно поврзани со тие „Шестанесет дена активизам против семејното насилство “. Сигурно како Центар со посебни овластувања во делот на нашата струлност, а во соработка со Министерството за труд и социјална работа и во содејство со сите тие конвенциии кои ги имаме, како што е „Истанбулската конвенција за заштита на жените од насилство и насилство во семејството“, пристапуваме во се она што значи реализација во делот на заштита превенција, во делот на она што значи гонење на сторителите на семејно насилство, а сето тоа во подигнување не само на јавната свест на граѓаните туку и она она што значи една статистика која е сериозно поразителна бидејќи секој ден примаме по 10-тина пријави претежно од МВР за случени притисоци, навреди, дискриминациии и се она што во крајна линија значи насилство, не само врз жените и девојките.
Според Силјаноски најчестите причини за семејно насилство биле дискриминацијата, надваладување на посилниот и злоупотреба на неговата сила.
„Ние годишно имаме околу 300 пријави, иакон законски и во таа легислатива сме покриијани со тие пријави бројот на пријави е се поголем. Можеби тоа е така бидејќи обврзувачки е и тоа што соседите можат да пријавата семејно насилство, исто така насилство можат да пријават и одредени невладини организации и граѓански здруженија. Ние не само како центар туку и мултисекторски пристапуваме особено при предлагањето на одредени мерки за одредени насилници кои по службена должност ги гониме“, истакна Живко Силјаноски, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп.
Од Советот на Општина Прилеп потенцираа дека правата на жените кои поминуваат низ семејно насилство се основните права кои секоја заедница треба да ги интегрира во своето општество и во тоа треба да се вклучат сите надлежни институции и организации со меѓусебна соработка и координација.
„Советот при Општина Прилеп и Комисијата за родова еднаквост ќе оствари средби со директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа се со цел не само да се вклучи во подигнување на општествената и јавната свест за решавање на овој проблем за насилство врз жените и семејното насилство туку и да се изготват и мерки, имплементација на ефективни координирани и интегрирани политики за борба против семејното насилство. Промената на општествените ставови, родовите улоги, стереотипите, религијата и обичаите кои влијаат за поттикнување на семејното насилство со мерките за подигнување на општествена и јавна свест за борба против семејното насилство и со вклученост на сите органи и организации во Македонија ќе се обезбеди почитување на правата на жената, на децата и спречување на сите форми на семејно насилство кои се однесуваат на сексуално вознемирување, домашно насилство ии насилство во околината“, иизјави Јулијана Цековска, претседател на комисијата за родова еднаквост при Советот на Општина Прилеп.
Инаку Прилеп сеуште нема шелтер центар за заштита на жртви од семејно насилство. Во ратификацијата на „Истанбулската конвенција“ било предвидено одвојување на средства токму за вакви центри и стручните лчица се надеваат дека и Прилеп наскоро ќе добие ваков центар.