Горивата поскапуваат за половина денар

Недели не делат од поскапувањето на дизелот за три ипол денари, а од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат за половина денар по литар. Ова е најновата одлука која регулаторното тело ја донесе денес и истата ќе важи во следните две седмици.

 

По цена од 66 денари за литар возачите од ноќеска ќе точат еуросупер БС-95 , додека новата цена по која ќе се точи еуросупер БС-98 е 67,5 денари за литар. Еуродизел ќе изнесува 54,5 денари.

 

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати се наведени за 2,03 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,517 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien