ВИДЕО : Спортско риболовниот клуб „Мамец“ изврши порибување на вештачкото езеро кај Прилеп

Спортско риболовниот клуб „Мамец“ од Прилеп денеска изврши порибување на вештачкото езеро, согласно договорот превземен од концесијата, со 100 килограми подмладок на крап и 100 килограми матица. Со тоа се збогати рибниот фонд на вештакото езеро, кое поради лошата хидролошка состојба оваа година доживеа вистинска еколошка катастрофа.

 

 

„Оваа година се случи вистинска катастрофа со водостојот на езерото, тоа е далеку под нивото на предвидениот минимум, не можам да кажам колкав е неговиот рибен фонд во моментов, претпоставуваме дека тој се движи околу 24 или 25 тони на риба. Согласно концесијата ние како риболовен клуб сме обврзани секоја година да извршиме порибување и тоа го правиме 6 години по ред. Како концесионери имаме потпишано договор со агенцијата за обезбедување „МК“ кои доаѓаат тука на наш повик. Тие имаат обврска и да го проверуваат целото езеро, да бараат дозволи и да го штитат од рибокрадство. Годинава немавме такви случаи“, истакна Ѕвонко Николоски, претседател на спортско риболовниот клуб „Мамец“.

 

Освен вештачкото езеро клубот „Мамец“ под концесија ја држи и реката Црна од населеното место Бучин до железничкиот мост кај н.м. Тополчани.

 

Инаку спортско риболовниот клуб „Мамец“ може да се пофали како еден од најтрофејните клубови во градот бидејќи учествува во првата македонска риболовна лига. По 5 години актуелни шампиони оваа година биле вицепрваци на Македонија. Од членовите двајца биле репрезентативци кои годинава учествувале во составот на македонската репрезентација на светското првенство во Белгија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien