Саудиска Арабија после 35 години повторно ги отвора кино салите

Саудиска Арабија соопшти дека ја подига забраната за отворање кино-сали, која 35 години била на сила, како дел од општествените реформи за промени на ново-крунисаниот принц во ултра-конзервативното кралство, а кои претходно беа затворени во 80-тите години за време на ултраконзервативните бранувања ширум земјата.

 

„Комерцијалните кино-сали ќе можат да работат во кралството од почетокот на 2018 година, за прв пат по 35 години“, соопшти министерството за култура и информации, додавајќи дека владата веднаш ќе започне со издавање лиценци на објекти.

 

Оживувањето на кино-салите е пресврт во парадигмата за Саудиска Арабија. Кралството ја промовира индустријата на забава како дел од големите промени, познати под називот „Визија 2030“, со што ќе можат да се одобруваат лиценци за отворање на комерцијални кино-сали и кои се имплементираат и покрај противењето на конзервативците.

 

„Ова претставува клучен момент во развојот на културната економија на кралството“, дополнително додава министерот за информации Авад Алавад преку соопштение.

 

Конзервативците, кои на кино-салите гледаат како закана за културниот и религиозниот идентитет, биле пресудни во нивната забрана во 1980-тите години. Еден од највисоките религиозни лидери на Саудиска Арабија, на почетокот на годинава, зборувал за „изопаченоста“ на кино-салите, посочувајќи дека тие ќе нанесат штета на моралот.

 

Филмските работници од Саудиска Арабија веќе подолг период укажувале дека забраната за кино-сали е бесмислена во ера на Јутјуб. Саудиските филмови предизвикуваат интерес надвор од земјата, користејќи го интернетот за да ги заобиколат каналите на дистрибуција и проверките на државните цензори.

 

Владата соопшти дека очекува првите кина да бидат отворени во март 2018 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи