Село во Германија продадено на аукција за 140.000 евра

Германското село Алвин со околу 20 жители, од кои повеќето пензионери, е продадено на аукција за 140 000 евра. Се наоѓа во областа Брандербург, на околу 120 километри јужно од Берлин.

 

Како што пренесува „Билд“, селото го купил анонимен купец, кој преку телефонски пат ја понудил единствената понуда за ова место, надминувајќи ја почетната цена од 125.000 евра.

 

На 16.000 квадрати, се наоѓаат девет станбени објекти и повеќе помошни објекти, како и десет шупи и гаражи. Во селото нема продавници, а единствената автобуска линија се наоѓа во близина и поминува покрај населбата еднаш без застанување.

 

До обединувањето на Германија во 1990 година, Алвине беше во сопственост на локалната фабрика за брикети, најстара во цела Европа. Откако таа се затвори во 1991 година, повеќето жители си заминале во потрага по нова работа.

 

Во 2000 година, ова мало село им беше продадено на приватни инвеститори за симболична цена од една германска марка. Сепак, двајцата браќа не успеале да го спасат од натамошно пропаѓање.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи