Грчката православна црква со реакција на одлуката на БПЦ

За прв пат откако дојде до приближување на односите помеѓу Македонската и Бугарската православа црква со реакција се јави и грчката црква. На седницата на Светиот Синод на црквата на Грција била разгледана одлуката на БПЦ да биде мајка-црква на како што ја нарекуваат расколничката црква на “Македонија”.

 

Грчката црква се стави во одбрана на нивните традиционални пријатели од српската црква и нагласува дека одлуката на бугарската црква претставува мешање во надлежностите на друга црква, што е спротивно на светите правила и канонското право и игнорирање на улогата на Вселенската патријаршија.

 

„Светиот Синод е загрижен за фактот што БПЦ со нејзините активности се меша во надлежностите на друга православна црква, односно во Црквата на Србија, постапка која е спротивна на светите правила и традиција на црквата. Светиот Синод посакува да преовлада претпазливост и одлуката на бугарската сестринска црква да не биде конечно спроведена“, се вели во соопштението на ГПЦ.

 

Со одлуката Бугарската црква да биде еден вид заштитиник на нашата црква и да ја застапува пред другите помесни цркви не се согласуваат ни поголемиот број на верниците од Светиот Синод на МПЦ. Некои, како владиката Петар јавно проговорија дека не биле консултирани за писмото и туку дека само им било доставено.

 

Светиот синод кон крајот на месецот треба да одржи седница на која очекуваат да бидат разјаснети сите нејаснотии околу писмото до бугарската цркца и дали има гаранции дека со тоа ќе биде ќе се постигне најаважната цел, а тоа е автокефалноста на Македонската православна црква.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien