Пронајдена ајкула стара 512 години!

Научниците нашле Гренланд ајкула за која тврдат дека е најстарото суштество на Земјата. Се претпоставува дека ајкулата има 512 години, а моментално живее во водите на Северниот Леден Океан каде била лоцирана.

 

Научниците кои ја анализирале претпоставуваат дека ајкулата била родена во 1505 година.

 

Припаѓа на видот гренландски ајкули кои се познати по долгиот век на живеење. Тие живеат во води со просечна температура од -1 до 10 степени Целзиусови и може да пливаат на длабочина до 2.200 метри, а тешки се околу еден тон.

 

Староста на овој примерок е објавена во списанието Science, а ова е најстар примерок од 28 ајкули кои ги проучувале научниците.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien