Научниците нашле Гренланд ајкула за која тврдат дека е најстарото суштество на Земјата. Се претпоставува дека ајкулата има 512 години, а моментално живее во водите на Северниот Леден Океан каде била лоцирана.
Научниците кои ја анализирале претпоставуваат дека ајкулата била родена во 1505 година.
Припаѓа на видот гренландски ајкули кои се познати по долгиот век на живеење. Тие живеат во води со просечна температура од -1 до 10 степени Целзиусови и може да пливаат на длабочина до 2.200 метри, а тешки се околу еден тон.
Староста на овој примерок е објавена во списанието Science, а ова е најстар примерок од 28 ајкули кои ги проучувале научниците.
Scientists estimate that one sixteen-foot-long Greenland shark has been alive for as long as five hundred and twelve years. pic.twitter.com/woWDUaUHsf
— The New Yorker (@NewYorker) December 7, 2017