Финансиска полиција го чешла работењето на ЈП „Исар“

Facebook
Twitter
Email
Print

Финансиска полиција ги проверува тендерските постапки во штипското комунално претпријатие „Исар“, реализирани од претходното раководство на компанијата, соопшти новиот в.д. директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев, додавајќи дека постојат индиции за прекумерно трошење пари.

 

„За девет месеци се набавени 7.000 метли, во вредност од 350.000 денари. Кога тие 7.000 метли ќе се поделат на 20 работника испаѓа дека за 30 дена имаат потрошено 35 метли. Ако се работни часа 24, еден работник користел по една и пол метла за еден работен ден. Значи, тука има индиции за злоупотреба на службена должност“, изјави Тасев.

 

Тој додава дека Финансиската полиција го проверувала и трошењето на телефонските услуги, каде, како што вели неговиот претходник, имал лимит од 4.000 денари за мобилен телефон, во 2015 година го пречекорил лимитот за 2.000 до 3.000 денари и си ги платил од неговата плата.

 

„Но, во наредните години 2016 и 2017, во повеќето месеци таа сума надминува 22.000 денари, го прецртал лимитот од 4.000 денари и не исплаќал во благајната“, вели Тасев.

 

Според в.д. директорот, сомнително е и плаќањето за потрошена електрична енергија. Па така, кон бугарската фирма добавувач сметките се плаќале веднаш, иако имале 6 месечен грејс период.

 

„За таа сметка, долгот кон ЕВН останувал, па дури сега имаме од април до ноември камата во износ од 1 милион денари“, изјави Тасев

 

За 1.4 милиони денари е купена машина за пакување на сметките на граѓаните во пликоа, но истата не е во функција. Финансиската полиција ја разгледувала и тендерската документација за набавка на сигурносни вентили за 5 милиони денари.

 

„Досега е вграден само еден, а набавени се 1000“, додава Тасев

 

Финансиската полиција сè уште го чешла работењето на ЈП „Исар“, кое во моментов има долг од 186 милиони денари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи