ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Јованоски рекордно брзо ги погази своите ветувања од предизборната кампања

Градоначалникот Илија Јованоски вети дека ќе биде најголемиот поддржувач на спортот во Прилеп, а пред само 2 дена ги запре финансиските средства, кои Општината ги доделуваше на ракометниот клуб Прилеп, без кои клубот не може да функционира и е пред распаѓање, обвинуваат во денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Градоначалникот Јованоски го уништува спортот во Прилеп!

Градоначалникот Јованоски го уништува спортот во Прилеп!
(во прилог во коментар на видеото од прес конференцијата следува принт скрин од ветувањето на градоначалникот Јованоски)

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Понеделник, 18 Декември 2017

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

 

Почитувани Прилепчани,

Градоначалникот Илија Јованоски рекордно брзо успеа да ги погази сите ветувања кои ги даде во предизборната кампања и продолжува бесрамно ја манипулира јавноста.

 

Јованоски вети дека ќе го врател епитетот Прилеп најспортски град а само пред два дена одлучи Локалната самоуправа да не го финансира повеќе ракометниот клуб Прилеп, кој минатата сезона играше и во Европските натпреварувања и со тоа да ја запечати судбината на клубот кој е веќе пред распаѓање и повлекување од официјалните натпреварувања и ќе ги остави на улица сите ракометари и вработени во клубот.

 

Да потсетиме дека во предизборието Јованоски вети и брда и долини и рече дека ќе ја реконструира Соколана, ќе го обнови планинарскиот дом Дервен, ќе изгради рекреативен центар Вештачко езеро, ќе ја стави во функција сала Македонија, ќе изгради нови спортски објекти и најважно – ќе ја зголеми финансиската и логистичката поддршка на прилепските клубови и школи.

 

Но како што волкот се криел во јагнешка кожа, на најбрутален начин започна да се пресметува со спортските клубови во градот и наместо да ги поддржува веќе ги уништува. Го уништува спортот во Прилеп, иднината на младите спортисти кои толку многу ги споменуваше во својата кампања.

 

Следејќи го овој пример, отворено прашуваме да им објасните на Прилепчани, дали и фудбалскиот клуб Победа ќе ја доживее истата судбина? Дали со укинување на финансиска помош, прикриени под политички конструкции и реваншизам ќе го уништите спортскиот симбол на градот Прилеп? Споменувајќи изградба на спортска инфраструктура, зошто ја стопиравте изградбата на градскиот стадион Гоце Делчев и дали зад ова се крие бизнис зделка за тоа кој да продолжи со градежните работи на објектот?

 

И за крај, не пробувајте да ги демантирате и да се оградувате од своите ветувања кои не знаете да ги реализирате! Во прилог на јавноста и приложуваме принт скрин од пресот во кој вие ветувате многу работи за спортот во Прилеп, објавен на вашата официјална ФБ страна на 3 октомври 2017 година.

 

Градоначалнику Јованоски,

Вие не само што не донесовте живот за Прилепчани и за спортот во Прилеп! Вие во историјата ќе останете запишан како гробар на спортот во Прилеп!

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.