Могерини ќе се сретне со премиерите на Западен Балкан

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска во Брисел ќе се сретне со претседателите на владите на шесте држави од Западен Балкан, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, на која ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

 

Целта на оваа нова средба на високата претставничка на ЕУ во форматот „западнобалканска шесторка“ на највисоко ниво, е зајакнување на соработката и размена на мислења за регионални теми, се наведува во соопштението.

 

Според најавите, се очекува европските претставници и премиерите од Западен Балкан да разговараат за европските перспективи на регионот и регионалната соработка.

 

Предвидено е Могерини да има и билатерални средби со некои од западнобалканските премиери.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien