Обвинетите во „Тракторија“ не сакале да ги слушнат „бомбите“ во СЈО, сега тоа го бараат од судот

Facebook
Twitter
Email
Print

Вкупно 315 телефонски разговори и смс пораки се дел од доказите на СЈО во предметот за провизијата за автопатиштата Миладиновци – Скопје и Кичево – Охрид познат под името „Траекторија“.

 

Адвокатите на обвинетите бараа од судот да им дозволи увид во таканаречените бомби, кои СЈО ги користи како доказ, но тие досега немале можност да ги слушнат. Тие инсистираа дека главната расправа не може да започне се додека не ги преслушаат разговорите по што би можеле да спремаат квалитетна одбрана.

 

Специјалната обвинителка Лиле Стефанова на денешното рочиштето рече дека обвинетите, експремиерот Никола Груевски и поранешните министри, Владимир Пешевски и Миле Јанакиески не сакале да ги слушаат „бомбите“ кога биле повикани во Специјалното јавно обвинителство. Таа образложи дека поголемиот дел од нив јавноста не била во можност да ги слушне, па стравувале дека доколку ги дадат и на одбраната, истите можат да се злоупотребат, односно да се разможат или да се интервенира во нив.

 

Судијата Горан Бошевски посочи дека за овој предлог на одбраната ќе се произнесе на следното рочиште, а денешното го прекина бидејќи Груевски и Јанакиески се обвинети во случајот на СЈО, „Насилството во општина Центар“, кое треба да започне во секој момент. Судењето за „Траекторија“ продолжува на 26 декември.

 

Во случајот „Траекторија“, за изградбата на автопатите Миладиновци – Штиип и Кичево – Охрид, обвинети се поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски, и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Груевски е обвинет за примање награда за противзаконито влијание, а другите тројца за злоупотреба на службената положба и овластувања.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи