Сијарто: Остануваме најгласен поддржувач за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО

Facebook
Twitter
Email
Print

На покана од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во посета на Македонија доаѓа министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто.

 

На средбата со Димитров  се разговараше за билатералните односи, европската и евроатлатснакта интеграција на Македонија, како и за внатрешно-политичката состојба на нашата земја и односите со соседите.

 

„Унгарија останува најгласниот поддржувач на напорите  на Македонија за интеграцијата во ЕУ и во НАТО. За нас следниот самит на НАТО е незамислив без прашањето на проширувањето. Сакаме и ЕУ да одреди датум за почеток на преговори со Македонија следниот февруари“, изјави Сијарто по средбата.

 

Поддршката за Македонија, образложи дека ја темелат на три основи од кои два се од безбедосен аспект, а тоа е соочувањето со мигрантската криза која Унгарија ја смета за најголема безбедносна закана во измината деценија за Европа и потребата за заштита на сопстевните граници.

 

„Унгарија и натаму ќе дава поддршка за Македонија и земјите од Западен Балкан и ја знае разликата. Ја знаеме разликата меѓу мирна состојба во регионот и немирна состојба. Сакаме овој регион да биде мирен, сакаме Западниот Балкан да биде извор и средство за натамошен европски развој, наместо ризик за Европа. Состојбите во Западниот Балкан можат да се надминат со неговата интеграција во НАТО и ЕУ. Знаеме дека Македонија и македонскиот народ веќе доста направија за да се интегрираат во ЕУ и НАТО и Унгарија останува најгласниот поддржувач на напорите за интеграцијата на Македонија и во ЕУ и во НАТО. Би сакале на следниот самит на НАТО да се најде на дневниот ред проширувањето“, рече шефот на унгарската дипломатија.

 

Неговиот домаќин министерот за надворешни работи Никола Димитров се заблагодари за силната поддршката од Унгарија за евроатлантските интеграции на Македонија и напорите во контекст на планот со реформите.

 

„За кратко време успеавме да внесеме нов квалитет во односите со ЕУ. Го запознав министерот и со политиката на добрососедство и нашата инвестиција во добрите односи со соседите. Цврсто сме решени да направиме се што може да не го пропуштиме следниот воз за Европа што се отвора во 2018 година“, рече Димитров.

 

На денешната средба потпишан е и Акциски план за соработка во 2018 година меѓу МНР на двете земји со конкретни форми и активности за унапредување на соработката во повеќе области. Станало збор и за унапредување на соработката воп културата, образованието.

 

Унгарскиот министер за надворешни работи денеска ќе има средби и со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Парламентот Талата Џафери и со премиерот Зоран Заев.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи