Почина таткото на модерната македонска сатира, Иван Карадак, кој на јавноста и беше познат како автор на емисијата „Хихирику” што секоја недела одеше на првата програма на македонското радио, во 11 часот, цели четириесет години.
Беше автор и на театарските претстави: „Угоре високо – Удолу длабоко”, „Хумористична партија “, адаптацијата на текстот „Како да ја убиеш сопругата и зошто”, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма „Мајче” и многу други.
Беше автор и на неколку книги: афоризмите „Коприварник”, сатиричните песни „Талкач по душата “, сатиричните песни „Записи врз водата”, куси сценарија „Лајач на месечина” и најновата книга афоризми „Мисли со Боцки “.
Беше автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената „Цвеќе на карпатa“, познатите „Камчевци”, „Алф од Ново Лисиче “, „Ало Ало “, „Агенција осамени срца”, „Балканбенд ” и други.
Добитник на многу награди меѓу кои државната награда Св. Климент Охридски.
Последниот поздрав со Карадак ќе биде денеска, во 12 часот, во Капелата на гробиштата во Бутел.